Раководството на МОТО ГП вечерва го потврди првиот случај на заразен возач, обелоденувајќи дека станува збор за седумкратниот светски првак Валентино Роси.

„Му покасуваме на Вале брзо да оздрави и многу скоро пак да се гледаме“, соопшти МОТО ГП на својот твитер пртофил.

Роси со сигурност ќе ја пропушти следната трка, која според календарот ќе се вози во Арагонија.

Возачот на „Јамаха“потврди дека самиот побарал да биде тестиран на КОВИД-19, откако имал мала треска во четвртокот.