Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски- Иџе го презентираше новиот дизајн на неговата кацига, која е во боите на македонското знаме.

За потсетување Иџе пред една седмица возеше низ улиците на Скопје во чест на медицинските лица и војската кои се луѓето кои се справуваа со пандемијата од КОВИД-19.