Најдобриот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски имаше најдобро време на првиот тренинг на легендарната Имола во Италија пред утрешните квалификации за неделната трка во ТРЦ шампионатот.

Втор на првиот тренинг беше Гуидети од Италија  0.140 секудни заостанување. На вториот тренинг на патеката „Енцо Ферари“ Иџе имаше четврто најдобро време.


Официјалните квалификации се закажани за утре од 16:05 часот а ќе можете да ги гледата на Собранискиот канал на МТВ, додека трката ќе се вози во недела со почеток од 13:10 часот исто така со пренос но на МТВ 1.