Доминантниот тим во Формула 1, Мерцедес кој во последните неколку години е недостижен за конкуренцијата во пресрет на официјалната промоција на новиот болид објави една фотографија на која се гледа основата на концептот на „W12“, но ги нема спонзорите.

„Извинете, едноставано не можевме да чекаме. Ќе видите како изгледа „W12“ на официјалната промоција во вторник.“ – посочија од Ф1 тимот на Мерцедес.