Сезоната во Мото ГП ќе започне на 19.јули со трката за Големата награда за Шпанија на патеката во Херез.Интеренсно е тоа што дури седум трки од досега закажаните Гранприја ќе се возат во Шпанија.

Втората трка на календарот ќе се вози на 26.јули, исто така на патеката во Херез, а потоа, следува трката во Чешка, поточно во Брно, на 9 август.

На ред доаѓа ГН на Австрија која ќе се одржи на 16 август, а на исто место ќе се вози и седум дена подоцна. Останатите трки ќе се возат во Сан Марино (две), Каталонија,  Франција, а потоа следуваат четири во Шпанија.

За напомена сите трки ќе се возат пред празни трибини, поради пандемијата на КОВИД-19, која го зафати целиот свет.