Стартот на новата сезона во Формула 1 е пролонгиран, првата трка ќе се вози на 28 март во Бахреин.

Според досега потврдените детали, трката за Големата награда на Австралија е пометена за 21 ноември.

Преговорите за трката во Кина се уште се активни а добра вест е што во распоредот се враќа и легендарната патека во Италија, Имола каде што ќе се вози Ф1 на 18 април, по пауза од 15 години.