Тимот на Рејсинг Поин е еден од последните што го презентира својот болид за претстојната сезона.Меѓу другото Рејсинг објави дека и оваа година ќе имаат ист генерален спонзор, компанијата BWT, која е специјализирана за прочистувањето на водата.

Инаку, новиот болид, РП20, беше прикажан на специјалната промоција во Мондзе, Австрија.

Оваа година е последна со името Рејсинг Поинт, бидејќи од следната година тимот ќе го носи името Астон Мартин. Возачи на екипата ќе бидат Серхио Перес и Ланс Строл.