Себастијан Фетел и Ферари вчера ја прекинаа соработката и по крајот на сезоната, Германецот го напушта италјанскиот гигант. На негово место ќе дојде Карлос Саинц од таборот на Мекларен, додека неговото место ќе го пополни Даниел Рикардо.

Австралиецот последните две сезони беше дел од тимот на Рено, додека со Мекларен ќе соработува од 2021 година. Во минатото тој возеше и во екипата на Ред Бул во кои се етаблираше како еден од најдобрите пилоти во Ф1 циркузот.