Двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо, можно е да се врати во Формула 1 болид од 2021 година.

Според извештаите на дел од медиумите кои одблиску следат Ф1, тврдат дека Алонсо има вербален договор со еден од тимовите во Формула 1.

Се верува дека тоа е испразнетото место на Даниел Рикиардо, кој се пресели во Мерцедес, по заминувањето на Карлос Саинц во Ферари.

Алонсо и претходно во неколку интервјуа, навести дека може да се случи тој повторно да се појави на гридот и да се трка со помладите возачи.

Фернандо Алонсо има две шампионски титули со Рено-Бенетон во 2005 и 2006 година.