Сезонава во „кралската класа“ нема да стартува ни на познатата трка на Ле Ман, за големата награда на Франција, поради пандмијата од Коронавирусот.

Трката во Ле Ман требаше да се вози од 15. до 17.мај, но поради ширењето на КОВИД-19 таа е преместена. Според челниците на МОТО ГП, трката во Ле Ман и онаа во Херез ќе се возат кога ќе се потврди дека ќе бидат обезбедени сите услови.

Оваа сезона нема да се вози трката во Катар, додека трките во Аргентина и САД се преместени за ноември.