Денес е одлучено Големата награда за Тајланд во Мото ГП да се одложи, а таа требаше да се одржи од 20 до 22 март годинава.

Ова доаѓа само ден по одлуката да трката во Катар истт така биде одложена, а причина за овие одлуки на организаторите е коронавирусот.

„Не можам да кажам дали трката ќе биде откажана или само одложена, додека не најдеме нов термин за евентуално нејзинот одржување. Причината е коронавирусот, а во нашата земја има два смртни случаи“-изјави Анутин Чарнивакул, првиот човек на трката во Тајланд.

Новата сезона во мотоциклизам треба да започне на 5.април во Остин, Тексас.