Игор Иџе Стефановски успеа да се искачи на подиумот по првата од двете трки во ТРЦ шампионатот кои викедов се возат во Италија.

Со малку среќа откако во квалификациите беше четврти, Иџе им се приклучи на Италијанските натпреварувачи, Тавано и Берета на подиумот по натпреварувањето на патеката „Енцо Ферари“.

Стефановски го освои третото место а второ докажување на оваа патека ќе има веќе утре.