Финецот Валтери Ботас (Мерцедес) оствари најдобро време на првиот официјален тренинг  возен денеска на патеката во Сочи, каде в недела се вози трката за Големата награда на Русија.

Второ време оствари  Австралиецот Даниел Рикардо на Рено, а трет Холананецот Макс Верстапен (Ред Бул).

Тренингот го одбележаа неколку излетувања од патеката , но без посериозни инциденти.

Водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон забележи 19 време од вкупно 20 возачи на патеката.