Актуелниот светски првак во Формула 1 Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Русија која в недела се вози на патеката во Сочи.

Хамилтон до својата 96 пол позицијата во кариерата стигна со повеќе од половина секунда предност пред второпласираниот Макс Верстапен (Ред  Бул).

Во случај на победа во Сочи, Хамилтон ќе се израмни со Германецот Михаел Шумахер по бројот на победи во кариерата.

Шумахер има 91 победи, една повеќе од Хамилтон.

Денешните квалификации ги одбележа и инцидент во кој Германецот Себастијан Фетел излета во заштитната ограда, но мина без повреда.