Големата награда на Шпанија во Формула 1 од 2021 година веројатно ќе се вози на патеката во Херез. Херез е место во Андалузија, а тамошната влада апелираше до раководството на натпреварувањето, патеката во јужна Шпанија да добие договор од 2021 до 2023 година.

Владата на Андалузија се очекува да плати годишен придонес од 25 милиони американски долари, а приота и ќе издвои четири милиони за модернизација на патеката која е изградена пред 35 години. Во периодот од 1986 до 1997 година, на патеката во Херес де ла Фронтера се одржаа седум трки до Светскиот шампионат во најпознатиот автомобилиски спорт.

Тековниот договор за Големата награда на Шпанија со Барселона важи до 2020 година.