Последните денови беше доведено во прашање одржувањето на трката за големата награда на Сингапур во Формула 1, поради големо загадување од пожарите кои ја зафатија Индонезија.

Властите на Сингапур имале начин како да се справат со големиот чад кој се наоѓа над Сингапур, па затоа трката ќе се одржи следниот викенд. Вредно е да се напомене дека трката за големата награда на Сингапур се вози во вечерен термин под рефлектори.

Минатата сезона за големата награда на Сингапур триумфираше актулниот светски првак во Ф1 Луис Хамилтон.