Актуелниот првак во Формула 1, возач на Мерцедес, Луис Хамилтон до 87 победа во кариерата дојде со многу среќа но и ризик кој го презема на домашната патерка.

Тој по победата изјави дека имал многу среќа, но и дека добро го менаџрал проблемот со пукнатата гума.

„Благодарен сум што гумата издржа да не се распадне до крајот, особено за последната кривина. Тоа ќе беше катастрофа. Мислев дека нема да издржи и почнав да размислувам како ќе стигнам на целта. Кога забрзував видов дека го губам крилото. Верстапен ме стигаше, за среќа успеав да останам на мојата позиција. Инстинктот за преживување дојде во прв план.“ – изјави Хамилтон.