Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон објави дека изгубил четири килограми откако добил позитивен тест на коронавирус.

На почетокот на овој месец тој објави дека има Ковид-19 и ја пропушти трката во Бахреин.

„Изгубив шест килограми во последните два месеци, од тие четири откако добив коронавирус. Изгубив многу мускулна маса. Сега почнувам од почеток, не ми е мило и забавно, но одлучен сум да се вратам во старата форма.“ – истакна седумкратниот светски првак.

Пред една недела Хамилтон изјави дека лошо се чувствувал додека бил заразен со Ковид-19.