Старо-новиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека по несреќата викендов во Бахрен на која болидот на Роман Грожан експлодираше сега на трките одново се гледа со внимателност.

Хамилтон уверува дека сите треба добро да размислат за во иднина и да се погрижат заеднички да се зголеми безбедноста на патеките.

„Ова беа навистина ужасни сцени, среќен сум што се заврши добро во оваа Ф1 трка. Не знам каква беше силата на ударот, но нештата можеа да бидат со многу пофателен крај. Катастрофа која не потсетува колку Формула 1 шампионатот може да биде опасен. Организаторите даваат се од себе за нашата безбедност а јас искрено верувам дека во иднината овој спорт ќе биде уште побезбеден.“ – изјави Хамилтон.