Светскиот првак во Формила 1, Британецот Луиис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз на денешниот трет слободен тренинг во пресрет на неделната трка во Силверстон со која се одбележува 70 годишнината на Формула 1 .

Втор беше неговиот клупски колега Фин Ботас, кој заостана 0.163 секунди, а третопласиран беше Британецот Налдо Норис (Мекларен) со заостанување од повеќе од половина секунда.

Пилотите на Рејсинг Поинт, Нико Хулкенберг и Ланс Строл, завршија на четвртото и петтото место.

Попладнево ќе бидат одржани квалификациите во Силверстон, а трката, петта по ред оваа сезона, се вози в недела.