Британскиот Ф1 возач, Луис Хамилтон, вели дека допрва очекува да го достигне зенитот во својата кариера, откако има фантастичен старт на оваа сезона во Формула 1. Хамилтон најавува уште нови рекорди.

Неговата победа минатиот викенд на ГН на Франција беше шеста сезонава, а му недостасуваат уште 12 победи да го достигне рекордот на легендарниот Михаел Шумахер кој броеше до 91, рекорд кој до пред само неколку години се сметаше за недостижен.

„Работам одлично, но секогаш постои чувство дека може да се достигне уште повеќе. Сметам дека минатата година беше доста добра, но влегувањето во нов болид секоја година значи дека секогаш ќе има нова планина да биде искачена. Мислам дека сите овие искуства ме направија подобар возач.“ – вели лидерот во генералниот пласман на Ф1.