Британскиот Ф1 возач и актуелен шампион, Луис Хамилтон, верува дека не би можел да вози за Ферари во кариерата. Тој зборуваше за процесот како растел Мерцедес, а со нив и тој напредувал како возач и шофер. Според него ривалството меѓу овие два тима е огромно и тој од мали години е приврзаник за Мерцедес.

„Не би се согласил со констатацијата на многумина дека Ферари е врв во кариерата. Јас од мојата 13 година сум во (Мекларен) Мерцедес, и никогаш не би возел за Ферари. 6 години го градевме тимот на Мерцедес и сега ги земаме плодовите од таа напорна работа.“ –  рече Хамилтон.

Хамилтон има огромна предност во генералниот пласман во Ф1 и е пред освојување на 6 титула во кариерата со што ќе се доближи на само една од легендарниот Михаел Шумахер.