Луис Хамилтон потпиша нов мултимилионски договор со Мерцедес. Британецот, седмократен светски шампион, ќе вози уште најмалку една сезона за својот сегашен тим, и тоа за годишна плата од 40 милиони фунти.

Тоа е за пет повеќе во однос на претходниот договор, што 35 годишниот Луис сигурно дополнително ќе го мотивира во намерата да дојде до осмата титула и на тој начин да стане најуспешен Ф1 пилот на сите времиња.

Со истекот на договорот на крајот од 2020, Хамилтон јасно изрази желба да остане во Мерцедес, каде дојде во 2013 година, а тим со кој освој шест од седумте титули.