Луис Хамилтон денеска во Португалија  ја запиша 92 победа во кариерата, испиша историја, го надмина легендарниот Михаел Шумахер кој застана на 91 триумф.

Британецот сега има најмногу победи во историјата на Ф1, секако тоа е неверојатно постигнување.

„Само можев да сонувам да дојдам до овој резултат и да бидам тука со вас. Немав волшебно стапче, но се што работевме беше да се потрудиме  да го искористиме тоа што можеме во Мерцедес и да дојдеме до што повеќе победи. Сè уште не можам да пронајдам зборови со кои би ги опишал емоциите“ – изјави Хамилтон по завршувањето на трката.