Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Голeмата награда на Португалија.

Холанѓанецот од Ред Бул, Марк Верстапен, го освои второто место , додека трет беше другиот тркач на Мерцедес, Валтери Ботас.

По три трки од почетокот на шампионатот, во Генералниот поредок води Хамилтон со 69 бодови, пред Верстапен кој собра 61.
Во конкуренција на конструктори, Мерцедес е лидер со 101, пред Ред Бул со 83.
Следната трка во Формула 1 ќе се вози следниот викенд во Шпанија.