Шесткратниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон многу веројатно ќе се најде под истрага на Меѓународната федерација во автомобилизам (ФИА).

Повод е носењето маица со натпис „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“, по неделната трка за Големата награда на Тоскана.

Портпаролот на ФИА во изјава за британскиот сервис Би- Би-Си, потврди дека истрагата „е во процес на активно рагледување“.

Пораката која беше испишана на маицата на Британецот Хамилтон се однесува на афроамериканката Бреаона Тејлор,која беше застрелана во март кога полицајци упаднаа во нејзиниот дом во Кентаки во потрага по осомничен за трговија со дрога.