Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите пред трката за ГН на Турција, но ќе стартува од 11 -та позиција, поради поместување за 10 позиции откако возеше со нов мотор со внатрешно согорување. Валтери Ботас ќе стартува од првата позиција на 16. трка во сезоната во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион беше доминантен во квалификациите, кои ги заврши 13 стотинки пред својот тимски колега, кој всушност ќе ја заземе пол-позицијата в недела во 14 часот.

Заедно со Ботас, Макс Ферстапен ќе биде во првата стартна линија во болидот на Ред Бул, кој заостана 328 илјадити делови од Хамилтон.

За најпријатното изненадување од квалификациите, се погрижи возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој беше разделен со седум десетинки  во финишот и заземање на третото место.

Возачот на Алфа , Пјер Гасли го зазеде петтото место во квалификациите, пред Фернандо Алонсо и Серхио Перез, кои беа единствените што заостанаа помалку од секунда зад Хамилтон. Првата десетка ја комплетираа Ландо Норис, Ленс Строл и Јуки Кунода.