Луис Хамилтон со нова победа ја затвори завесата во Формула 1 шампионатот. Британецот одново доминираше на трката во Абу Даби и стигна до 11 триумф сезонава, а вкупно 84. во кариерата и е на само  седум победи помалку од рекордерот Михаел Шумахер кој има и една титула повеќе.

Во вкупниот поредок, зад старо-новиот шампион Хамилтон, на второто место завршуви тимскиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас, а третата позиција му припадна на Макс Ферстапен. Кај конструкторите Мерцедес повторно доминантно стигна до нова титулата.

Новата сезона ќе има 22 трки, а почнува во март следната година.