Луис Хамилтон успеа да се избори со Ковид-19 и да се врати во болидот на Мерцедес за последната Формула 1 трка оваа сезона.

Хамилтон го освои третото место а по трката на „Јас Марина“ потврди дека битката со Ковид-19 оставила сериозни последици по неговото здравје.

„Ковид-19 не е шега, никогаш не ни мислев така, знаев дека ќе биде тешко, затоа што има луѓе кои го губат животот поради овој вирус. Секогаш ми е тешко кога ќе видам како светските лидери се смеат како ништо да не се случува. Да се вратам тука овој викенд, знаев дека ќе биде екстремно физички тешко за мене, но успеав. Уништен сум не се чувствувам добро, но среќен сум и благодарен затоа што сум жив и доживеав да се борам уште еден ден.“ – изјави Хамилтон.