Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон го пофали младиот Џорџ Расел за неговиот напредок и посочи дека очекува многу од британскиот возач.

„Тоа што го направи до сега е слично со она на Фернандо Алонсо. Многу млади талентирани возачи ја почнаа кариерата во помали тимови а потоа добија шанса за развој, да напредуваат, да прават грешки и да почнат од почеток. Има неколку возачи кои се иднината на Ф1, Расел е еден од нив и воодушевен сум од неговиот напредок. Не се сомневам дека има потенција да биде следниот светски шампион.“ – изјави Хамилтон.

Расел е дел до Вилијамс но се очекува во следните неколку години да биде дел од конкурентен тим за највисок пласман.