Холандскиот мотоциклист Едвин Стравер почина од повредите добиени при падот во  11-тата етапа на релито Дакар.

Несреќниот Стравер падна од дина и се стекна со тешки повреди. Го скрши вратот, а срцето не му куцаше во текот на цели 10 минути. Иако спасувачите стигнаа брзо и со хеликоптер го префрлија најпрво во локалната, а подоцна и во болницата во Холандија, тој ноќеска почина.

Ова е втор смртен случај на релито Дакар, откако во 7-та етапа животот го загуби Португалецот Паулу Гонсалвеш.

За Едвин Стравер ова беше трето учество на Дакар.