Македониот автомобилист Игор Иџе Стефановски и покрај сите проблеми со кои со соочи, вели дека имал успешна сезона бидејќи во четири натпревари во кои учествувал освоил два подиуми, едно прво место.

Иџе во емисијата „ВАР во ОФСАЈД“ вели дека имал шанса за многу повеќе подиуми, но додава во спортот некогаш се губи, а некогаш се победува.

„Учествуваме во шампионат во кој се најдобрите автомобилисти во Италија која е лулката во мотоспортот. Не им е добро Македонец да дојде и да ги победи тие огромни тимови со големи буџети, со професионални автомобилисти. Подготвени сме дека ќе бидеме на тапет, секоја наша мала грешка ќе ја искористат, бевме казнувани низ текот на сезоната со некои банални, но по наша вина големи казни. Тоа ни дава поголем мотив, секоја трка е ново искуство.“ – вели Иџе во „ВАР во ОФСАЈД“.

По двете европски шампионски титули во кружните трки и одличните настапи во ридско брзинските, Иџе открива дека желба му е да се проба и во рели натпреварите. Во ридско брзинските натеварувања од 12 натпреварувања има поставено 9 рекорди.

„Дојдов со ситуација да се натпреварувам самиот со себе, со мојата брзина што стана опасно.“- објаснува Стефановски.

Негова следна цел е враќање на европските патеки, на Европското првенство и  атак на третата европска титула за која смета дека ја заслужува и може да ја освои.