По успешно завршената сезона, Игор Иџе Стефановски посакува враќање на европските патеки и освојување на третата европска титула.

Во разговорот во емисијата „ВАР во ОФСАЈД“, Стефановски вели дека потребна е поддршка од државата која ќе застане зад неговите успеси кои несомнено ги има. Посочува дека за разлика од другите натпреварувачи кај кои државата која ја претставуваат комплетно застанува зад нив и им овозможува се што им е потребно, во Македонија нема таква стратегија.

„Јас можеби во моментов најмалку средства имам добиено од Агенцијата за млади и спорт оваа година од другите автомобилисти, што е апсурд. Човек со најмногу резултати во автомобилизмот е рангиран на едно пониско ниво. Луѓето кои ја афирмираат државата кои се способни да направат резултати, да се поддржат максимално, бидејќи ја претставуваат Македонија како една успешна и спортска нација. Се надевам дека луѓето кои се поставени сега во АМС, тука е еден успешен спортит кој се надевам ќе ги цени вредностите во спортот воопштво во Македонија. Очекувам да направиме еден разговор бидејќи АМС е нашата матична куќа, се надевам дека ќе најдеме се она што е потребно заедно. Јас како спортист да ја претставам Македонија, Македонија како држава која ја претставувам да застане позади мене и моите успеси. Заеднички да докажеме дека Македонија е победничка држава. Секој кој има резултат и успех мора да биде поддржан од државата и апсолутно секој по неговите успеси да добива средства онолку колку што заслужува.“, вели Иџе во „ВАР во ОФСАЈД“.

Стефановски објаснува дека за овој спорт се потребни околу 350.000-400.000 евра за да завршите сезона во европскиот ТЦР шампионат. Возилото минимум чини само 130.000 евра, котизација за учество на натпреварите чини 23.000 евра…