Македон скиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои второто место во ТРЦ шампионатот  во Имола, Италија.

До второто место Иџе дојде откако беше казнет Џакопо Гвидети со пад на една позиција наместо пет секунди санкција и тоа нашиот автомобилист го искористи и стигна до второто место на подиумот.

Победник на легендарната Имола е Салваторе Тавано, тој сега има  убава предност пред конкуренцијата во генералниот пласман на две трки до  крајот на Шампионатот.