Игор Стефановски Иџе не успеа да дојде до победата на ТЦР трката што се одржува во Имола.
Нашиот возач заврши на првото место, но доби казна од пет секунди затоа што е обвинет дека додека беше во сендвич од два автомобила, тој ги истуркал од патеката.

Стефановски беше изреволтиран што веднаш по трката, во видео јавување остро ги навреди Италијанците и ги посочи како главни виновници за неговиот неуспех.

Втората трка се вози утре и нашиот натпреварувач ќе се обиде да дојде барем до место меѓу првите тројца.

„Безвезен викенд… Не сакам да излезе дека се жалиме, но жената на стартот беше таа што ме намести како треба да тргнам, а потоа добив казна од пет секунди. Очигледно не може да се помират дека сме брзи. Не знам што да кажам. Преку глава ми е. Потоа добив нова казна од пет секунди за удар при лизгање, а видете какво е времето, двајцата возачи излетавме… Не ми е јасно, не можат да се помират дека одиме напред декам сме брзи. Криво ми е што не ја искористивме шансата и не се дојдовме до подиум… Утре нека ми дадат и казни ако треба, ама некој ќе лета во трева, мора да дојдеме до подиумот“ – коментираше Иџе Стефановски.

Gepostet von Igor Idze Stefanovski am Samstag, 22. Juni 2019