Директорот на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола, Роберто Мадзари, потврди дека се подготвени да организираат трка во Формула 1 и да ја заменат одложената трка Гранд-при на Кина.

Ние навистина поднесовме барање до ФИА и сме готови да ја замениме трката Гранд-при на Кина. Засега не добивме одговор. Во секој случај свесни сме дека ќе биде тешко навреме да се организира оваа трка“.

Последен пат во Имола се возеше 2006 година.