По точно седум години и еден месец од трагичниот настан на француските Алпи, јавноста ќе ја дознае стро чувата тајна за состојбата на Ф1 пилотот, еден од најдобрите на сите времиња, Михаел Шумахер.

Германецот е во изолација по повредата, нема никакви детали за тоа како изгледа, во каква здравствена состојба е, но наскоро јавноста ќе добие детали.

Авторите, Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертонс снимаат документарец со наслов „Шумахер“, семејството потврди дека во документарецот ќе бидат објавени фотографии од актуелната состојба на Михаел.

Семејството Шумахер потврди дека во овој документарец ќе учествуваат со изјави сопругата Корина, таткото Ролф и синот Мик и ќерката Марија.