Британскиот возач Луис Хамилтон, вели дека на секоја трка која ја вози, духовно со него е присутен и Ники Лауда, еден од луѓето кои го изградија овој силен Мерцедес.

Лауда не е повеќе меѓу живите, но Хамилтон тврди дека има еден вид на мантра за време на секоја трка, и дека духовно со него во мислите е покојниот Ники Лауда.

„Многу сум му благодарен на Ники, кој ме донесе во тимот, ме убедуваше да дојдам овде, дека има пред нас многу успех и дека сакаат да бидам дел од тој успех. Благодарем сум на можноста да возам овде, многу го сакав Ники Лауда“.

„Знам сигурно дека тој е со мене на секоја трка. Ники е некој кој многу ми недостига сега, но не само на мене туку и на целата гаража на Мерцедес“, порача Хамилтон.

По доаѓањето во Мерцедес, Луис Хамилтон освои пет шампионски титули и му недостасува само една за да дојде до магичното остварување на црвениот барон, Михаел Шумахер.