Шпанскиот МотоГП возач Марк Маркез и оваа сезона доминира во кралската класа во Мото ГП и се наоѓа пред одбрана на шампионскиот трон, а истото може да го направи веќе на следната трка која се вози во Тајланд.

Возачот на Хонда доминира во генералниот пласман и со победата минатиот викенд во Арагона додатно ја зголеми и така убедливата предност во одност на второпласираниот Андреа Довициозо од Дукати. Маркез може да се круниса за првак уште во претстојниот викенд, а еве што е потребно.

Единственото правило е тој да освои два бода повеќе во трката од Довициозо. Тоа значи дека ако е прв, втор, трет или четврти на патеката „Бурирам“, а Довициозо е зад него, тогаш сигурно ќе биде првак. Ако Макрез заврши петти или надолу, тогаш потребно ќе биде Довициозо да е две места зад него.

Доколку Маркез не ја заврши трката, тогаш се ќе се решава на пистата за големата награда на  Тајланд.