Најискусниот возач во Формула 1, 41-годишниот Финец Кими Раиконен, уште една година ќе седи зад воланот во Алфа Ромео, соопшти вечерва екипата со седиште во Швајцарија.

Раиконен во 2007 ја освои титулата светски првак со Ферари, а го држи рекордот со најмногу настапи (324) во Формула 1.

Финецот на последната трка возена минатата недела во Португалија докажа дека се уште е способен за одлично возење, откако во првиот круг успеа да престигне дури девет болиди, кои стартуваа пред него.

Алфа Ромео за мене е повеќе од екипа, нешто како семејство“, изјави Раиконен, кој кариерата во Формула 1 ја почна во 2001 токму во Алфа Ромео, кога екипата го носеше името Заубер.