Изданието Formule1.nl ги пресмета сите трошоци на екипите поради инцидентите на своите пилоти.

Новинарите се распрашуваа за цената на сите заменети делови, но сепак истакнаа дека рејтингот е само приближен и не ја вклучува вината на пилотите во инцидентите.

Според нивната анализа, најголема штета за својот тим направи Алекс Албон, чии инциденти ги чинеа Торо Росо и Ред Бул цели 4,36 милиони евра. На втора позиција е Пјер Гасли, кој ги чинел Ред Бул и Торо Росо, а трет е Кевин Магнусен од Хаас.

 

Еве ја листата на Formule1.nl:

1. Алекс Албон (Торо Росо/Ред Бул) – 4,36 млн евра
2. Пјер Гасли (Ред Бул/Торо Росо) – 2,83
3. Кевин Магнусен (Хаас) – 2,59
4. Роберт Кубица (Вилијамс) – 2,57
5. Ланс Строл (Рејсинг Поинт) – 2,33
6. Валтери Ботас (Мерседес) – 2,13
7. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) – 2,04
8. Луис Хамилтон (Мерседес) – 1,97
9. Шарл Леклер (Ферари) – 1,71
10. Ромен Грожан (Хаас) – 1,66
11. Серхио Перес (Рејсинг Поинт) – 1,54
12. Себастјан Фетел (Ферари) – 1,45
13-14. Кими Рајконен (Алфа Ромео) – 1,37
13-14. Макс Ферстапен (Ред Бул) – 1,37
15. Џорџ Расел (Вилијамс) – 1,28
16. Данил Квјат (Торо Росо) – 0,76
17. Ландо Норис (Мекларен) – 0,69
18. Даниел Рикардо (Рено) – 0,66
19. Нико Хјулкенберг (Рено) – 0,42
20. Карлос Сајнс-помладиот (Макларен) – 0,38