Роберт Кубица одлучи на крајот од сезоната да ја напушти Формула 1. Познатиот полски возач се врати во светот на Формула 1 после осумгодишно отсутство поради претрпените повреди на рели трка во 2011. година.

И покрај силниот карактер, Кубица одлучи да ја заврши својата кариера. Смета дека резултатите на стазата не го исполниле неговото очекување. 34-годишниот возач од Краков изјави дека оваа година сезоната била многу интензивна и за да ги искористи сите прилики кои му биле понудени, одлучил да продолжи со Вилијамс.

Германските весници шпекулираат дека Кубица преминува во DTM Championship, Deutsche Tourenwagen Masters.