Сега кога Карлос Саинц седна во болидот на Ферари (од идната сезона), прекинуваат шпекулациите за доаѓање на Луис Хамилтон во тимот од Маранело. Но вистинското прашање во овој момент е каде точно ќе вози следната сезона Себастијан Фетел, односно дали воопшто ќе вози.

Се уште постојат индиции, дека Фетел ќе оди на се или ништо, со тоа што ќе притиска за трансфер во таборот на неговите сонародници, во тимот на Мерцедес, каде во моментов има стабилна комуникација меѓу Хамилтон и Валтери Ботас.

Дејвид Култхард кој во минатото возеше за Мекларен-Мерцедес, тврди дека би била голема грешка доколку Мерцедес реши следната сезона да го ангажира Фетел.

„Мислам дека тоа ќе биде голема грешка на Мерцедес. Во Луис тие имаат човек кој редовно им добива Гран при трки и шампионати. Не сметам дека Мерцедес би можел да извлече нешто најдобро од четирикратниот светски шампион, мислам дека би преовладувала лоша атмосфера во тимот со доаѓањето на Фетел.“– смета Култхард.

Инаку, во свое време, Дејвид Култхард може да се каже дека беше број 2 во Мекларен-Мерцедес, односно верна сенка на двократниот шампион Мика Хакинен.