Квалификациите за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука ќе се возат утре, како и трката. Причина за тоа е силниот тајфун Хагибис, кој ја зафати Јапонија викендов направи хаос на патеката Сузука во Ф1.

Квалификациите треба да се возат во недела наутро, три часот по македонско време, но доколку временските услови не го дозволат тоа тогаш Формула 1 ќе мора да се води од резултатите кои возачите ќе поставија на вториот слободен тренинг.

Тоа би значело дека Валтери Ботас од Мерцедес, кој имаше време 1:27.785 ќе стартува од пол-позицијата и за првпат по четири трки ќе ја прекине доминацијата на Ферари. Луис Хамилтон ќе биде втор, а Макс Верстапен трет. Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел ќе тргнат од четвртата, односно петтата позиција.