Николас Латифи  следната сезона ќе биде новиот пилот на Вилијамс во Формула 1 шампионатот, откако Роберт Кубица по само една година заминува од најбрзиот авто-мото спорт.

Канаѓанецот оваа сезона беше дел од Формула 2, а изминатиот период возеше на неколку тренинг сесии за англискиот тим, а претходно беше тест возач на Рено и резерва во тимот на Форс Индија.

„Навистина сум пресреќен што ќе добијам шанса во 2020 година. Уживав во работата со тимот годинава, со мојата подршка и развојот на автомобилот. Едвај чекам да почне следната сезона и да дебитирам во Ф1 на австралиското Гран При“- рече Латифи.

Латифи следната сезона боите на Вилијамс ќе ги брани со Џорџ Расел, а моментално се наоѓа на второто место во генералниот пласман во Формула 2.