Пилотот на Ферари, Шарл Леклер изрази големо почитување за својот тимски колега Себастијан Фетел, кој по крајот на сезоната заминува од Ферари.

Тој вели дека од Германецот, научил најмногу во текот на својата кариера за што е максимално благодарен. За разлика од Фетел, Леклер пред неколку месеци го продолжи договорот со Ферари на уште пет сезони.

„Беше голема чест да ти бидам тимски колега. Имавме некои нервозни моментит на трките, некои добри и некои кои не се завршуваа како би сакале и двајцата, но секогаш имаше почит меѓу нас. Никогаш не сум научич толку како што научив од тебе. Благодарам за се“- истакна Шарл.