Поранешниот шеф на тимот на Заубер, Бет Зендер, истакна дека Шарл Леклер е возач кој има слични карактеристики на Кими Раиконен и Михаел Шумахер.

Зендер соработуваше со младиот Леклер пред две години и веднаш почувствувал дека станува збор за посебен талент кој е во развој и дека Ферари во моментов е вистинското место за него.

„Беше одлично да се соработува со Леклер, никогаш не сум видел возач кај него. Беше навистина одлично да се соработува со таков талент, без оглед на тешкиот период во кој се наоѓавме. Секогаш знаев да кажам, по брзине е сличен на Кими Раиконен, а по работната етика е сличен на Михаел Шумахер. Дајте му добар болид и дефинитивно ќе биде светски шампион“ – порача Зендер.

Зендер беше дел од Саубер уште од 1987 година и имаше можност во кариерата да соработува и со големиот Михаел Шумахер.