Возачот на Репсол Хонда, Хорхе Лоренцо денес од 15 часот ќе одржи прес-конференција на која според последните информаци ќе објави крај на својата кариера.

Трикратниот светски првак последните две сезони вози во очајна форма, а доказ за тоа е што најдобар резултат годинава му беше 11.место. Лоренцо притоа зарабори повреда на грбот која го оневозможува да го дава својот максимум.

Лоренцо во Хонда дојде од Дукати и се очекуваше со сонародникот Марк Маркез да бидат двоец кој ќе испишува нови страници во Мото ГП, но тоа не се случи. Лоренцо со Хонда има договор до крајот на 2020 година.