Поранешниот Мото ГП шампион им препорача не неговите фанови да го користат времето додека трае карантинот за релаксација, филозофско надградување и за уживање во сонцето, ако имаат таква можност.

Тој од Лугано, Швајцарија секојдневно испраќа видео пораки на Инстаграм, еве една од нив.

„Го користам секој ден за да ги наполнам батериите и да соберам што е можно повеќе витамин Д додека читам книги на сонце. Мислам дека ова ќе остане мој фокус периодов, имам добра стратегија за да не паднам во депресија.“ – вели Лоренцо.