Трикратниот светски првак Хорхе Лоренцо последните две години вози во непрепознатлива форма и се наоѓа во огромна криза и покрај тоа што во Хонда требаше заедно со Марк Маркез да доминира во Мото Гп.

Поради катасфтрофалните резултати Лоренцо можно е да ја напушти Хонда и пред истекувањето на неговиот договор кој истекува во 2020 година. Како замена за Шпанецот се споменуваат имињата на Јохан Зарко и Кал Крачлоу кои позади себе имаа одлична сезона во „кралската“ категорија во Мото ГП.

Откако пристигна во Хонда, Лоренцо е во сенка на Марк Маркез, кој не му дава никаква шанса за блесок.